Брегалница му даде отказ на Никола Кузманов

193

Предмалку ФК Брегалница објави дека со одлука на управниот одбор на клубот, се прекинува соработката со досегашниот прв тренер на екипата, Никола  Кузманов, и неговиот стручен штаб.

Брегалница загуби на домашен терен во ова коло со 0:1 со Шкендија Арачиново, и тоа е иницијалната каписла за промените во Штип овој викенд.

СпортСпорт веќе најави претпладнево ваков развој на настаните, а еве сега од Брегалница стигнува и потврда.

Главен кандидат за тренерското столче сега е Александар Таневски, селекторот на репрезентацијата на Македонија до 20 години.

ПретходноДа се избориме за Ахмети, Таири, Јакупи…..
СледноДерби за уживање: ГРК Охрид VS Пелистер, Ројевиќ против Лино!