Турција останува европски шампион, Србија „бронзена“

81
фото: CEV.eu

Одбојкарската репрезентација на Турција ја одбрани титулата европски шампион, откако во драматичното финале во Истанбул ја совлада Италија со 3:2. Италијанките одлично го започнаа натпреварот и убедливо го освоија првиот сет со 25:16, а потоа и третиот со 25:12, поведувајќи со 2:1.

Сепак, Турчинките пред домашната публика покажаа карактер и со 25:22 во четвртиот сет изборија одлучувачки тај-брејк. Во петтиот сет домаќинките направија клучна серија и поведоа со 8:4, по што до крајот ја задржаа предноста и славеа со 15:10.

Најефикасна кај новите европски шампионки беше Мелиса Варгас со 28 поени, додека Зехра Ѓунеш додаде 12. Кај Италија, Паола Егону исто така заврши со 28 поени, но не успеа да го предводи својот тим до нов европски трофеј.

Турција така ја освои втората последователна европска титула, откако пред две години во финалето ја совлада Србија.

Денеска во малото финале, Србија со 3:1 ја совлада Полска и го освои бронзениот медал.

Претходно“Сити ги исмејува правилата додека се чека на пресудата по 115 точки од обвинението!“
СледноДрама во „Билјанини Извори“: Е. Пелистер во последните секунди извади бод во Охрид