РФМ ги поднови прволигашите со нова опрема

100

Ракометната Федерација на Македонија свечено објави денеска дека на 14 клубови од машката и седум клубови од женската прва лига им се доделува спортска опрема за претстојната сезона во домашниот шампионат.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, г-дин Александар Стефанов, на претставниците на клубовите им врачи комплети дресови, шорцеви и тренерки, како и ракометни топки.
Со оваа поддршка, Ракометната федерација на Македонија продолжува да инвестира во развојот на клубскиот ракомет и создавањето подобри услови за работа и натпреварување

 

ПретходноЃорческа поразена во второто коло на ВТА 125 турнирот во Анталија
СледноКиву: Бевме храбри, и тоа ме радува