На денешната седница на дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Македонија донесени се одлуки кои што се однесуваат на изминатите кола во ПМФЛ односно ВМФЛ шампионатот.
Како една од најважните одлуки секако е онаа која вели дека „дисциплинецот“ го казнува актуелниот шампион ФК Вардар за лоша организација на дуелот против Арсими одигран на комплексот Петар Милошевски. Санкцијата е 3000 евра и еден меч на домашен терен без публика. Онаа иста која што јавно тргна против актуелното раководство на клубот, и која што некаде на половина од второто полувреме и го напушти мечот во знак на протест.
Од друга страна пак, сериозно погоден со санкции е и ФК Башкими за инцидентите на мечот против ФК Скопје, исто така одигран на ФФМ.
На Габриел Тенелеп му е изречена забрана за настап на три натпревари, додека на Биљал Исени и Бесјан Алију им е изречена забрана за настап на по два натпревари.
На комет администраторот на Башкими, Бесим Мустафи, му е изречена забрана за вршење функција во траење од еден месец.
Комплетните одлуки од денешната седница на Дисциплинската комисија ви ги пренесуваме во целост:
На фудбалерите на ФК Башкими 1947, Габриел Тенелеп му е изречена забрана за настап на тринатпревари, додека на Биљал Исени и Бесјан Алију им е изречена забрана за настап на по два натпревари.
На фудбалерот на ФК Брегалница 2008, Методи Максимов, му е изречена забрана за настап на еденнатпревар.
На фудбалерот на ФК Шкендија Арачиново, Енис Фазлагиќ, му е изречена забрана за настап на дванатпревари.
На тренерот на ФК Шкупи 1927, Исмаил Ферди, му е изречена забрана за вршење функција на дванатпревари, додека на Иван Варадиноски му е изречена забрана за вршење функција во траење од еденмесец.
На фудбалерот на ФК Македонија ЃП 1932, Омер Сулејмани, му е изречена забрана за настап на еденнатпревар.
Воедно, Дисциплинската комисија поведе дисциплинска постапка против Дурим Хида, поради недолично однесување на натпреварот ФК Скопје – ФК Башкими 1947.
Дисциплинска постапка е поведена и против претставникот на ФК Башкими 1947, Ергин Шерифи, поради вербална расправија и недолично однесување со судиите на истиот натпревар.
На комет администраторот на ФК Башкими 1947, Бесим Мустафи, му е изречена забрана за вршење функција во траење од еденмесец.
На фудбалерот на ФК Шкендија, Ислами Дрилон, му е изречена забрана за настап на еденнатпревар.
На фудбалерот на ФК Детонит Плачковица, Рифадов Асан, му е изречена забрана за настап на дванатпревари, додека на фудбалерот на ФК Влазними Јуниор, Мемедоски Бујамин, му е изречена забрана за настап на дванатпревари.
Поради слаба организација, нереди и прекин на натпреварот ФК Вардар – ФК Аресими, на ФК Вардар му е изречена парична казна во висина од 3.000 евра, како и мерка забрана за присуство на публика на еден домашен натпревар.















