МЗТ Скопје против Куманово ја почнува одбраната на титулата

116

Денеска во просториите на Кошаркарската Федерација на Македонија беше одржан работен состанок на членовите на машката Супер лига пред стартот на овогодинешниот шампионат.

На истиот, членките на Здружението на клубови од Суперлигата, дебатираа на повеќе прашања поврзани со организацијата и подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/2027.

На состанокот беа разгледани системот на натпреварување за сезоната 2026/2027, термините за почеток на сезоната, како и организацијата на Суперкупот на Македонија.

Претставниците на клубовите беа информирани и за продолжувањето на спонзорската соработка со компанијата „М-тел“, како дел од активностите поврзани со обезбедувањето дополнителна поддршка за македонската кошарка.

Работниот состанок беше можност федерацијата и клубовите да ги разменат мислењата, предлозите и ставовите во однос на прашањата поврзани со претстојната сезона, кои ќе бидат земени предвид во понатамошното постапување на надлежните органи на КФМ.

Во рамките на состанокот беше реализирана и ждрепката на натпреварувачките броеви, по кои беа формирани двојките за првото коло од новата сезона во Суперлигата:

ДВОЈКИ 1. КОЛО (3/4.ОКТОМВРИ)

Струмица – Работнички

Пелистер – ТФТ

Скопје – Кожув

МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово

Штип – Тиквеш Голден Игл

ПретходноПартизанови „бебиња“ чукаат на портата на Македонија
СледноРК Вардар за навивачите во Германија: Ви благодариме од се срце