Додека се тие лица во федерација – не играм за репрезентација!

131

Амир Рахмани обелодени дека повеќе нема да настапува за репрезентацијата на Косово на само неколку дена пред стартот на новото издание од Лигата на нации на УЕФА. Искусниот фудбалер на Наполи направи вистински фудбалски земјотрес кај нашиот сосед со оглед на тоа дека од националниот тим се повлекува фудбалерот кој е капитен на оваа селекција во изминатите 7 години.

„По 10 години во репрезентацијата од кои 7 како капитен, сакам да ве известам дека повеќе нема да бидам дел од репрезентацијата на Косово додека федерацијата ја водат овие луѓе“, истакна Рахмани улудирајќи на претседателот на федерацијата Агим Адеми кој опстанува на оваа функција и покрај многуте скандали во изминатите години.

Со емотивната одлука фудбалерот на Наполи ја отвори „пандорината кутија“ и проблемите кои се случуваат во репрезентацијата во изминатите години. Според Рахмани фудбалерите се соочувале со постојани несогласувања и координирани напади од оние кои требало да ги штитат репрезентацијата и играчите:

„Еден ден правдата ќе излезе на виделина“‚ кометира Рахмани кој наиде на огромна поддршка кај навивачите на Косово затоа што токму тој е еден од главните идоли и фудбалска величина во својата земја.

Косово во новото издание од Лигата на нации е во група со Ирка, Австрија и Израел.

ПретходноНема играчка кај Гроф – сите во карантин!
СледноМлад фудбалер на Тетекс загина во сообраќајна несреќа