Димитар Митровски се чини дека се препороди во Олимпија Љубљана откако на клупата на оваа екипа седна токму нашиот Југослав Тренчовски. Нашиот офанзивен играч за врска вчера имаше нова блескава партија во „зелениот“„ дрес и беше првата виолина на тимот во победата на гости кај силниот Копер (1:3), во дербито на колото во Словенија.
На видеото може да ја погледнете новата мајсторија на Митровски и 54 минута кога стрела за 0:2 за својот клуб, гол со кој гостите ја крунисаа до добра предност надмоќта на теренот која ја имаа посебно откако Копер острана со играч помалку. Митровски во 67 минута асистираше и за голот со кој Олимпија поведе со 0:3.
Втор гол во последните две кола за Митровски во оваа сезона и будење на Олимпија која фати серија со 11 бодови на последните 5 кола со кои екипата се приклучи кон водечките екипи на табелата.










