И Амар Хот во НЦАА

89

Уште еден македонски кошаркар ќе игра во НЦАА. Тоа е Амар Хот кој и тоа како направи исчекор во својата кариера. Тој следната сезона ќе биде дел од НЦАА лигата.

Младиот 23-годишен кошаркар ќе настапува за Универзитет Источен Тексас А&М Саутленд конференција која е дел од НЦАА лигата.

Како што е познато Хот во минатата сезона настапуваше за КК Маџари, беше дел од составот на овој тим кој на крајот стана вицешампион на Македонија во својата дебитантска сезона. Тој тогаш одигра 32 меча а во просек имаше по 13.9 поени по натпревар.

ПретходноРеволуција во Германија: Клоп ќе повика играч кој до пред една година играл во трета лига!
СледноВинисиус и дефинитивно не личи на себе! (ВИДЕО)