Јакимовски објасни зошто Наполи: Репеша беше еден од клучните фактори

69

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски беше претставен и официјално ви тимот на Наполи. Тој потенцира дека не се сомневал во изборот на клубот, иако имаше и други атрактивни понуди.

Јакимовски откри дека еден од клучните фактори за неговата одлука е тренерот Јасмин Репеша.

„Воопшто не се сомневав околу изборот на овој проект. Го знам Наполи, играв во оваа сала како гостин лани и знам колку е исполнет со страст овој клуб, со една од најдобрите фан-бази во цела Италија. Имаме квалитетен ростер со одлични кошаркари и верувам дека можеме да стигнеме далеку, како во домашното првенство така и во Еврокупот. Тренерот Репеша е одличен стратег и дефинитивно беше еден од клучните фактори за да ја прифатам оваа понуда. Како што реков, Наполи е сериозен кошаркарски проект и верувам дека ќе можеме да ги оствариме зацртаните цели“, истакна Јакимовски.

ПретходноЈамал повторно направи бура – ​​зошто не Хари Кејн или некој од Париз?
СледноПолувреме: Ндзенгуе и Криезиу за водство на Шкендија, без голови во Кратово! (ВИДЕО)