Нашиот боксер Ален Рустемовски на најдобар можен начин стартуваше на ЕП за сениори кое се одржува во Софија. Македонецот успеа да го победи Беник Мелкумиан од Луксембург и повеќе од убедливо со 5:0, а со тоа се пласира и во 1/8 финалето каде го чека дуел со Вилијам Хевит од Англија.
Јасно е дека очекуваме уште една добра борба на нашиот Рустемовски кој и дефинитивно покажа дека е во одлична форма. Колку за потсетување неодамна на Медитеранските игри во Таранто, тој го освои бронзениот медал.










