Скандал ја “тресе“ селекцијата на Швајцарија: Гранит Џака може да “заглави“ во затвор!

274
ФОТО:.facebook.com/Swiss.Nati.Men/

Во пресрет на дуелот со Македонија во Лигата на Нации, капитенот на швајцарската фудбалска репрезентација, Гранит Џака, се најде во центарот на голем скандал откако Обвинителството на кантонот Луцерн започна истрага против него и еден локален лекар под сомнение за фалсификување.
Според швајцарските медиуми, во 2023 година, полицијата ја претресла ординацијата на лекар за кој се сомневало дека издал голем број лажни сертификати за Ковид. Меѓу нејзините клиенти наводно бил и искусен хирург, на кого му е издаден сертификат за вакцинација против коронавирусот, иако никогаш не ја примил вакцината.

Џака треба да се појави на официјалното сослушување пред обвинителството на почетокот на октомври. Правниот експерт Андре Кун истакнува дека фалсификувањето документи во Швајцарија е класифицирано како едно од најтешките кривични дела.

„Фалсификувањето документи може да се казни со парична казна или затвор до пет години. Меѓутоа, ако се докаже вината, лице без претходни осуди обично добива условна казна, со задолжителна споредна казна до 10.000 франци“, објаснува Кун, истакнувајќи дека покренувањето на постапката бара постоење на основано сомневање и докази, но дека тоа не ја прејудицира конечната вина.

Покрај правните проблеми, швајцарскиот репрезентативец би можел да се соочи со сериозни последици и на спортски план. Џака игра за англискиот Сандерленд од 2025 година, а договорите во Премиер лигата јасно дефинираат дека клубот има право еднострано да ја прекине соработката во случај на сериозна штета на угледот или дисциплината (грубо недолично однесување).

Иако беше позитивен на коронавирусот во септември 2021 година како невакциниран играч, Џака подоцна објави дека е вакциниран. Неговиот портпарол, Андреас Бантел, рече дека фудбалерот целосно соработува со органите за спроведување на законот и дека има официјален сертификат од лекар дека ја примил првата доза на 25 јануари 2022 година, а втората на 11 ноември истата година.

Адвокатот на осомничената докторка, Корнел Борбели, исто така ги отфрла сите обвинувања и тврди дека постапката била целосно регуларна:

Мојата клиентка тврди дека таа лично го вакцинирала Џака и дека сè е направено според прописите“. Швајцарската фудбалска асоцијација (SFV) кратко објави дека во моментов немаат сигурни информации и нема да даваат никакви соопштенија додека трае истрагата, потсетувајќи дека сите осомничени се сметаат за невини. Според информациите од медиумите, сослушувањето на Гранит Џака во Обвинителството во Луцерн е закажано за самиот почеток на октомври. Тој датум е особено незгоден бидејќи швајцарската репрезентација веќе има натпревар од Лигата на нации против Северна Македонија на 6 октомври, кој ќе се игра во Луцерн.

ПретходноСкандал: Уапсен е близок човек на Зидан, под истрага е и уплатата на Мбапе!
СледноПМФЛ: Скопска пресметка на ФФМ – Вардар против хитот на првенството!