Попладнево се одиграа шест средби од 6.коло во ВМФЛ. Во дербито, кое се одигра во Новацо од познати причини, домашниот Пелистер со 1:0 славеше потив досега непобедливиот Охрид. Стрелец на голот беше Кире Стојанов во 40.минута. Па така сега битолчани со 14 бодови се лидери на табелата со два повеќе од Охрид, но и со меч повеќе.
Работнички пбеднички во Ѓорче. Во градската пресметка на екипи кои некогаш биле шампиони и освојувачи на Купот на Македонија, Работнички како гостин со голот на Кудијан во 74.минута ја победи Македонија ЃП.
Тетекс и Осогово по многу борба одиграа без победник 0:0, додека Новаци како гостин славеше кај Кожув со 0:1 со голот на Драгарски во 65.минута. Камани уште еднаш покажа дека не се шегува, славеше против силниот Детонит со 1:0.
Без голови се играше и на средбата Еуромилк – Беласица.
Утре од 15.45 часот во Струмица, Брера и Шкупи го затвораат ова 6.коло во ВМФЛ.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 6.КОЛО
Еуромилк – Беласица 0:0
Камјани – Детонит 1:0
Кожув – Новаци 0:1
Македонија ЃП – Работнички 0:1
Пелистер – Охрид 1:1
Тетекс – Осогово 0:0
НЕДЕЛА 15.45 ч
Брера – Шкупи
ТАБЕЛА
Пелистер 14, Охрид 12, Брера 10, Беласица 10, Камјани 10, Работнички 9










