Вардар се рехабилитираше против Младост

128

Македонскиот првак ја запиша и третата победа во Супер-лигата, која дојде како добредојдена после поразот од Нант во Лигата на шампиони. Вардар на гостински го совлада дебитантот Младост Богданци со 44-34.

Ова беше само полесен тренинг за избраниците на Иван Чупиќ, кои на дело ја оправдаа улогата на фаворит. Вардар после првите 30 минути имаше предност од 11 гола (25-14), па токму затоа вториот дел беше само чиста формалност.

Матео Фадуиле со 13 гола од исто толку обиди беше лидер кај „црвено-црните“ каде Љевар имаше осум погодоци. Кај гостинскиот тим Бојаниќ запиша седум гола.

ПретходноГРК Тиквеш ќе брка три гола негатива за да остане на европска сцена
СледноСпектакуларно дерби на непоразените: Рома водеше со 2:0, Лаутаро го однесе Интер до 2:2