ПМФЛ полувреме: Шкендија Арачиново му покажува сила на шампионот

190

Денешната ПМФЛ програма ја сочинува само еден единствен дуел. Истиот се игра на комплексот Петар Милошевски во Скопје, а во него се среќаваат екипите на Вардар односно Шкендија Арачиново.

На полувреме резултатот е 0:0, а овој прв дел не беше воопшто здодевен. И двата тима имаа по неколку ситуации, од кои дел може слободно да се окарактеризираат како стопроцентни.

Енис Фазлагиќ можеше да му го загорчи животот на Вардар уште на стартот на мечот, но од идеална ситуација шутираше лошо и крај голот. На спротивната страна Давид Бабунски со ударот од дистанца погоди во оквирот на голот, за да потоа Тодоров има исто така зицер ситуација но Давор Талески одлично брани.

Мехмед за арачиновци, а Закариќ за Вардар се заканија со удари од далечина, за да Пиреш го има последниот обид во овој дел од мечот со удар со глава кој мина блиску до дирекот од голот на Шкендија Арачиново.

 

ПретходноЕвроволеј 26: Германија сензационално ја елиминираше Бугарија, Полска моќно до четвртфинале
СледноДортмунд лидерски одигра против Штутгарт