Лацио со гостински бодови кај Венеција

35

Екипата на Лацио викендов е добитна, затоа што вечерва на гостувањето кај венеција извојува значајна победа од 0:2.

Иако дуелот воопшто не изледаше дека ќе оди во корист на гостите. По само 17. минути игра, домашните имаа сериозна шанса да дојдат до водство, затоа што им беше досуден пенал. Сепак, Јебоа истиот не го реализираше, и резултатот остана 0:0.

Од друга страна пак, Лацио таквата шанса не ја пропушти. Во 51. минута Матиа Закањи ја реализираше најстрогата казна и му донесе водство на гостинот.

Истото пак беше удвоено само девет минути подоцна со голот на Нослин. Римјаните потоа направија серија измени, го умртвија мечот и стигнаа до значајна победа. Истата му донесе на Лацио веќе 13 бодови сезонава и во моментов трето место. Венеција пак  сеуште чека на првата позитива по пет одиграни кола.

ПретходноКој вели дека Салах не е веќе за сериозен фудбал…. хет трик против Галата за цела Турција на нозе (ВИДЕО)
СледноРафиња „здиве“ со три гола во победата на Барса против Севиља (ВИДЕО)