Педро Акоста ја забележа првата победа во МОТО ГП

29

Уште една МОТО ГП трка е завршена, а на неа победник е Педро Акоста. Денеска најдобрата мото конкуренција на планетава беше во Австрија каде што Акоста ја забележа првата победа во својата кариера.

Ова можеше и да се предвиди затоа што Акоста уште на почетокот на викендот изгледаше одлично на својот мотоцикл. Возачот на КТМ едноставно беше свој на оваа трка и победата не изненади никого. Иако во спринтот направи грешка и падна при лидерска позиција, овојпат тоа не се случи.

На втората позиција се пласираше Хорхе Мартин, додека пиедесталот го комплетираше Марко Безеки.

ПретходноНаполи само со бод од гостувањето кај Фиорентина
СледноМиовски од клупа ја гледаше победата на Ренџерс против Селтик (ВИДЕО)