Македонскиот репрезентативец и интернационалец Бојан Миовски, за жал, не доби шанса за настап на најновото издание на големото дерби помеѓу Селтик и Ренџерс.
Ако е некаква утеха за нашиот напаѓач е фактот што неговиот тим победи на гости со голот на германскиот интернационалец Рајан Надери во 33. минута.
Како што и тоа обично бива на ваквиот тип на мечеви, премногу убавина во фудбалот немаше, но сепак, ваков спектакл е секогаш добро да се проследи поради сите пропратни елементи.
Миовски за жал ќе треба да почека следна шанса за да одигра ваков дуел.










