Шокантно: Еве на каков начин Нико Ковач дозна дека починал негов асистент!(ВИДЕО)

172
ФОТО:.facebook.com/BVB

Сезоната на Борусија Дортмунд започна совршено, но една победа беше нарушена од шокантен момент на телевизија. По победата од 1-0 над Штутгарт на гости, обезбедена со гол на Максимилијан Баер, тренерот Нико Ковач доживеа вистински шок за време на интервјуто по натпреварот.
Додека даваше интервју за телевизискиот канал „Скај Спортс Германија“, водителите го информираа Нико Ковач дека неговиот добар пријател и поранешен асистент – Петер Херман – починал. Веста дојде како гром од ведро небо за хрватскиот специјалист, кој досега ги водеше „жолто-црните“ до максимална предност од четири победи во првите четири кола и прво место на табелата.
Видливо потресен, Ковач реагираше исклучително емотивно. Со солзи во очите, тој зборуваше за Херман, покажувајќи колку тешко ги примил вестите. Неговата реакција пред камерите ги допре гледачите, но и покрена прашања за етиката на новинарите.
На социјалните мрежи, прашањето на водителот предизвика бран осудувачки коментари. Многумина сметаа дека ова не е ниту правилен начин ниту вистинско место за пренесување на толку тешки вести.
Херман, кој работеше заедно со Нико Ковач за време на неговиот престој во Баерн Минхен, почина во саботата на 74-годишна возраст, според германските медиуми.

ПретходноХерера со нов гол за Борац Бања Лука
СледноЈунајтед во 89.минута се спаси од пораз