Уште една добра партија на Нено во дресот на Арис

78
ФОТО:facebook.com/arisbc.gr/

Ненад Димитријевиќ уште еднаш покажа дека во наредниот период ќе биде еден од клучните играчи на Арис, ќе биде лидер на тимот на стратегот Спанулис. И денеска, не пријателскиот меч со Миконос, Македонецот одигра одлично во победата на Арис со 80:64. Димитријевиќ беше во игра 20 минути, постигна 9 поени а имаше по два скока и асистенции.

Инаку ова беше меч од турнирот “Мавроскохеја“.

Нашиот најдобар кошаркар на овие подготвителни мечеви покажа дека е во врвна форма во последно време, а тоа го докажа и со настапот за нашата репрезентација.

ПретходноАтлетико е ГЛАВЕН во Мадрид: Овој Реал на Мурињо не е тим за титули!
СледноХерера со нов гол за Борац Бања Лука