Херера со нов гол за Борац Бања Лука

47
ФОТО:facebook.com/fkboracofficial

Селекторот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски денеска може да биде задоволен. Имено дури тројца фудбалери кои се повикани од него за претстојните мечеви во Лигата на Нации, се запишаа во листата на стрелците. Прво тоа го стори Дарко Чурлинов за Погон, потоа Димитар Димитровски за Олимпија, а доцна попладнево и Себстијан Херера беше стрелец за Борац Бања Лука во меч од елитната лига на Босна и Херцеговина.

На гостувањето кај Широки, кој заврши со победа од 2:3 за тимот на Херера, македонскиот репрезентативен бек стрелаше во 58.минута за 0:1 и тоа од слободен удар. Ова е негов втор гол сезонава.

ПретходноУште една добра партија на Нено во дресот на Арис
СледноШокантно: Еве на каков начин Нико Ковач дозна дека починал негов асистент!(ВИДЕО)