Одредени двојките за новата сезона во Првата и Втората футсал лига

78
ФОТО:FFM.MK

Познати се двојките за новата сезона во Првата и Втората футсал лига кои почнуваат кон средината на следниот месец.

Во првото коло во елитното футсал натпреварување се среќаваат КМФ Бутел – КМФ Железарец, КМФ Клими – КМФ СЕЕ Универзитети, КМФ Проект – КМФ Јувентус Серава, КМФ Форца 2015 – КМФ Шкупи и КМФ Кеги Моби – КМФ Осогово.

Новата сезона во Првата футсал лига почнува на 10 и 11 октомври додека една недела подоцна стартуваат и натпреварите во второлигашката конкуренција.

Во првата рунда од Втората футсал лига се среќаваат: КМФ Фудбал Старс Аутовелт – КМФ Кратово, КМФ Мал Ајакс – КМФ Овче Поле, КМФ Балкан – КМФ Победа и КМФ Каршиака – КМФ Шутка 1. Слободна во првото коло е КМФ Црна Река.

ПретходноПаркер шокираше: Имавме 59 милиони – плаќаме за грешките на Монако!
СледноПМФЛ: Струга ТЛ го УНИШТИ Арсими – Радески со хет-трик!