Од олимпискиот подиум до селекторската клупа, Сузана Лазовиќ ќе биде дел од Првиот Женскиот ракометен форум

29

Ракометната федерација на Македонија направи значаен и уникатен чекор кога станува за жените во овој спорт. За време на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ во Охрид, ќе се одржи Првиот Женски ракометен форум.

Имињата кои ги одбра РФМ се навистина уникатни, а сите кои сонуваат да бидат на врвот ќе имаат можност да ги слушнат приказните на едни од најдобрите ракометарки од регионот.

Од олимпискиот подиум до селекторската клупа, Сузана Лазовиќ ќе биде дел од Првиот Женскиот ракометен форум.

Како дел од златната генерација на Црна Гора, Лазовиќ во незаборавната 2012 година освои сребрен медал на Олимписките игри во Лондон и злато на Европското првенство, а со Будуќност истата година ја освои и Лигата на шампионите. Европскиот клупски трофеј го подигна уште еднаш, во 2015 година.

Играчката кариера мораше да ја заврши многу рано, на само 25 години, но остана во ракометот и изгради нов пат како тренер. Денес е селекторка на женската сениорска репрезентација на Црна Гора.

Паралелно, Лазовиќ е и тренер на унгарскиот Алба Фехервар, со кој го продолжи договорот до крајот на сезоната 2027/28.

Од ракометарка која освојуваше најголеми трофеи до жена која денес создава нови генерации – приказната на Сузана Лазовиќ е приказна за нов почеток, лидерство и останување во врвниот ракомет.

Женски ракометен форум – Охрид 2026
Датум: 26.09.2026
Локација: Спортска сала „Билјанини Извори“
Време: 11:00 – 13:30
Панелистки: Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ
Модератор: Jана Серафимова
Организатор: Ракометна Федерација на Македонија
ПретходноЈубилејното 50. издание на меморијалот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ со нова димензија – Суперкуп на ОФМ
СледноОфицијално: Де Ла Фуенте селектор на Шпанија до 2032!(ФОТО)