Фудбалерките до 17 години одиграа нерешено со Црна Гора

35
ФОТО:FFM.MK

Македонската женска репрезентација до 17 години во првиот од двата контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора играше без победник 3:3.

Црногорките поведоа со голот на Теодора Чабаловиќ во четвртата минута. Тринаесет минути подоцна Милена Чукиќ зголеми на 2:0, а во 22-та Тамара Јововиќ на домашниот состав му донесе предност од 3:0.

Во 35-тата минута Глорија Тодоровска намали на 3:1, а истата фудбалерка во 62. по втор пат се запиша во листата на стрелци.

Конечниот резултат го постави Лица Мицовска која израмнувачкиот погодок го постигна во 86. минута.

МАКЕДОНИЈА: 1. Ања Смојмиловска (12. Магдалена Иломановска 46), 2. Марија Климовска, 4. Нина Манасиева (3. Стефанија Богдановска 60), 5. Тамара Атанасовска (17. Софија Величковска 60), 7. Лана Спасовска (20. Ана Марија Велевачкоска 46), 8. Душица Лазаревска (13. Кејла Алиоски 46), 9. Елена Наумовска (14. Софија Велинова 76), 10. Лина Мицовска, 18. Јана Милошевска (11. 46), 15, Емилија Ивковиќ, 19. Глорија Тодорова (16. Симона Бошковска 76)

ПретходноРеал Мадрид ги откри деталите за повредата на Валверде
СледноДодека неговите колеги се подготвуваат за дуелот со Македонија: Џака е на плажа!