Јасно ни е на сите дека вечерва А-репрезентацијата на Македонија одигра очајно, ужасно. Една од светлите точки секако дека беше младиот Матеј Гаштаров. Едноставно беше најдобар во нашиот состав, а тоа на пресот по мечот го кажа и селекторот Гоце Седлоски, кој го посочи како пример.
По мечот Гаштаров, кој вечерва дебитираше за Македонија, имаше свој коментар:
“Ништо, одиме понатаму, главата горе. Треба да дадеме се од себе на наредните натпревари. Тоа е тоа. Кога го носам овој дрес на секој натпревар очекувам од самиот себе да дадам сеод себе. Да оставам, срце на терен. Без разлика против кого, одам на секој дуел 100 насто. Против Словенија како? Па, како што кажав, одиме натаму. Јасно е дека Швајцарија е голема фудбалска сила, но ние имаме уште три меча за неколку дена кои треба да го дадеме својот максимум. Мислам дека и натаму атмосферата ќе остане како што беше,одлична, и се надеваме на победа со Словенија“.










