„Верувајте во оваа репрезентација и во оваа млада генерација“

45

Македонската женска ракометна репрезентација го освои второто место на „Трофеј Македонија 2026“. „Црвено-жолтите“ зад себе имаат силен турнир и резултати за поздрав – запишаа две победи и еден пораз. Славеа против Србија и Хрватска, а загубија од Црна Гора, која го освои трофејот на годинешното издание на меѓународниот турнир.

Новиот селектор, Игор Марковиќ, имаше седум дена да ги запознае ракометарките и да почне да го поставува новиот систем на игра. Посакува до Европското првенство да ја усовршат играта „седум на шест“, а сака Македонија да игра борбено и цврсто во одбраната.

Посебно радува камбекот на капитенката Сара Ристовска во „црвено-жолтиот“ дрес. Таа покажа колку значи за овој тим. Сара беше прогласена за најдобар стрелец на „Трофеј Македонија“ со 24 гола.

„Одигравме добар меч против Хрватска, покажавме дека можеме да играме против секоја репрезентација. Сите треба да веруваат во оваа репрезентација, во оваа помлада генерација. Би сакала да ги повикам сите фанови на ракометот да дојдат да нè бодрат на Европското првенство“, изјави Ристовска.

ПретходноБројките кои ја потврдуваат катастрофата – Македонија во “црвена” зона!
СледноСо Словенија ќе ни суди Андреа Коломбо, му судеше на Елмас пред три недели