Во екот на новата македонска фудбалска репрезентативна кампања, кога синоќа на Арената во Скопје во рамките од првото коло од Лигата на Нациите Б дивизија, добивме лекција по фудбал од Швајцарија во поразот од 0:3, од Америка ни пристигнува убава вест.
На конто на тоа дека синоќа не упативме удар во голот на Швајцарија (во вистинска смисла на зборот), и во насока на тоа дека Македонија пет меча нема постигнато гол, доаѓа информацијата за Милан Илоски. Несудениот македонски репрезентативец, за кого доста се говореше периодов, кој што е во фантастична форма во моментов.
На синоќешниот дуел против тимот на Орландо, Илоски за својот тим Филаделфија забележа хет трик, постигнувајќи три гола, и стигнувајќи го бројката 16 оваа сезона.
Неверојатната серија на погодоци на Илоски е производ на животната форма во која што се наоѓа сега веќе 27. годишниот играч. За него Македонија во изминатиот период напиша доста текстови, што со точна содржина што не.
Селекторот Седлоски пак, на официјалната прес конференција при објавувањето на составот на Македонија за стартот на Лигата на Нациите го спомна Илоски со нагласок дека тој е контактиран од страна на директорот на скаутинг службата при ФФМ, Николче Новески, и дека не дал конечен одговор околу тоа дали сака или не сака да игра за Македонија.
„Сакав да го повикам за дуелот со Данска…. во разговор со Николче Новески тој тогаш рече дека приоритет и фокус било да игра за клуб и да се фокусира на што и да се случува таму. Беше наложено на Николче Новески да биде во комуникација со него и одговорот бил дека ќе треба уште да размисли. До денот на објавата на списокот, ФФМ не добил никаков одговор од Илоски по ова прашање. Ние никого нема да молиме да игра за Македонија“ – ова беше одговорот на селекторот на прашањето околу Милан Илоски.
“I am competitive. Everyone knows I am competitive. I’ll push myself to whatever the highest level is. I see myself playing for the US at some point. I love this country and it would be an honor for me to represent it.”
With 16 goals this season, nine of them coming during the Union’s 12-match unbeaten streak, Milan Iloski spoke about his interest in someday representing the United States.
#doop #MLS #USMNT #MACEDONIA
📹: @Silly__Jilly
cc: @usmntaut – @ConcacafEdgar— José Roberto Nuñez (@JoserNunez91) September 27, 2026
Ова значи само едно. Дека Милан Илоски нема никогаш добиено официјален повик за Македонија, и бидејќи е така, истиот не може ниту да го одбие, како што се шпекулира. Милан Илоски е единствено контактиран, и ништо повеќе. Дали ќе заигра за Македонија не знаеме, но американската јавност веќе се интересира за него и во синоќешното пост меч интервју запрашан дали би заиграл за Америка, Илоски потврдува дека нема никаков проблем со тоа, напротив.
Конечно, што и да се случи во врска со Илоски, едно е сигурно. Македонија нема капацитет да губи квалитетни фудбалери. Таа флоскула, дека нема да молиме никого, не само што не „држи вода“ туку треба да биде одстранета од употреба.
Напротив, ТРЕБА да ги молиме. Оние што ќе ни помогнат да бидеме подобри. А во моментов бидејќи погодок ни е потребен како „жеден вода“ тогаш ФФМ треба да испрати делегација во Филаделфија и лично да разговара со него. А не спортски портали, како СпортСпорт конкретно или било кој друг да бидат извор на информација дали Илоски е расположен, не е, или има некој трет фактор што го спречува да го облече дресот на Македонија.
Секој потег има своја последица, секој реакција има контра реакција па така и ова. Головите на Илоски не само што нема да останат незабележани, туку будно се следени од секого. Ништо чудно да се случи да заигра за САД, како награда на она што го прави во моментов. И Македонија да остане со празни раце, токму затоа што го прави она што го прави во моментов.










