Куманово и Мулти Есенс одиграа драматичен натпревар во актуелното коло од Суперлигата кој заврши без победник – 33:33.
Гостите од Скопје имаа контрола врз резултатот во најголемиот дел од натпреварот, а во неколку наврати водеа и со максимални шест гола разлика. Сепак, драмата кулминираше во последната минута, кога Куманово успеа да анулира негатива од три гола и да дојде до реми.
Костов беше најефикасен кај домаќините со 12 гола, додека Мамдух постигна девет. Кај Мулти Есенс најпрецизен беше Матевски со 10 гола.










