Рома доби официјално зелено светло за изградба на новиот стадион во областа Пјетрала, откако заврши административната процедура за одобрување на проектот.
Новиот стадион ќе има капацитет од 60.605 гледачи, а инвестицијата се проценува на повеќе од една милијарда евра. Објектот ќе биде наменет не само за фудбалски натпревари, туку ќе содржи и музеј, официјална продавница, угостителски и комерцијални простори.
Според планот, работите треба да започнат во пролетта 2027 година, а стадионот би требало да биде завршен пред Европското првенство во 2032 година.










