Каков дебакл на Пелистер и Лино Червар: Ла Риоха држеше лекции по ракомет среде Битола!

534

Пелистер со пораз ја отвори групната фаза во Европската Лига, откако на домашен терен беше совладан од Ла Риоха со 24-31 (8-16). Ова беше деби пораз за Лино Червар на европска сцена, но и голема лекција за следните предизвици, вечерва битолчани беа под секое ниво. 

Јунакот на гостите се вика Ледо, голманот на Ла Риоха имаше 20 одбрани, и за тоа доби овации од битолската публика, која пак дел го напушти пред време мечот. Кај Пелистер Ристевски и Петар Атанасијевиќ имаа по четири гола.

Битолчани не влегоа во мечот според очекувањата. Избраниците на Лино Червар во 22 минути постигнаа четири гола, примија 13. Ла Риоха отвори со 0-5, три гола постигна на празна мрежа бидејќи искусниот стратег се одлучи за игра „седум на шест“. Во 12-та минута гостите поведоа со плус седум (2-9), позитива која ја имаа на средината на првото полувреме (4-11). Шпанците не застнаа тука, поведоа и со плус девет (4-13). За ова заслужен беше голманот на гостите, Ледо, кој имаше десет одбрани до овој момент.

Павле Атанасијевиќ конечно го прекина налетот на противникот (5-13). Саид Хеидарирад кој влезе на местото на Никола Митревски запиша важна одбрана, но неговиот тим не го искористи тоа. Следеше казна, Ла Риоха повторно дојде на плус 9 (5-14). На голема среќа иранскиот голман запиша две нови одбрани, па Шпанците не поведоа со двоцифрена позитива. На одморот резултатот беше 8-16.

Не се промени ништо во однос на резултатот, во 40-та минута гостинскиот состав имаше позитива од девет гола (16-25). Се играше гол за гол, нешто што на Пелистер не му одеше во прилог зошто имаше голема негатива. Шпанците добро го имаа анализираа македонскиот состав, имаа решение речиси за се. Покрај ова Хенигман доби син картон на средина на второто полувреме. Неколку минути подоцна Лобато и Ледо ја донесоа првата двоцифрена предност 17-28. Ова беше најава дека мечот ќе оди во еден правец.

Останува Пелистер да направи анализа и да биде подобар следниот дуел, а потоа против тимот на Гдањск на гостински терен на 6. октомври.

ПретходноНов проблем: Инфантино не го поддржуваат ниту во неговата земја
СледноПелистер брзо се огласи по фијаското, а само среќните фанови имаа шанса да испратат порака!