Најдобриот македонски кошаркарски колектив тимот ан МЗТ Скопје Аеродром по повеќе од две децении, поточно 25 години повторно ќе биде дел од кошаркарска Европа. „Штрковите“ одат на мегдан против грчкиот тим Ираклис, меч кој ќе се одигра во вторник, 6 октомври, од 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански”.
„Токму затоа, вашата медиумска поддршка во следните денови ни е навистина неопходна и исклучително важна. Би ни значело доколку информацијата ја споделите преку вашите канали и заеднички помогнеме што поголем број љубители на спортот да бидат информирани и да дојдат во сала“ – велат од МЗТ Скопје.










