Екипата на Скопје пред стартот на новата сезона во Супер-лигата одржа прес-конференција на која ги презентираше своите амбиции и цели. Во првото коло тимот на Марјан Илиевски ќе ги одмери силите против Кожув на домашен терен, мечот е закажан во недела со почеток во 18:30 часот.
„Ги ребредиравме зошто сакавме да имаме поддршка од целиот град, да го подигнеме нивото на органзациски и спортско поле, а со тоа да дојдат фановите да гледаат поквлитетни кошаркарски натпревари. Сакаме да направиме база, да ги развиваме младинските категории, нашата цел е да создадеме македонски играчи, кои би биле основа на екипата, заедно со странски играчи кои ќе бидат темел за исполнување на нашите цели во иднина, а тоа и учество во АБА2-лига “, изјави Боро Атанасовски, претседателот на клубот.
Тренерот Марјан Илиевски ги искажа своите очекувања за новата сезона потенцирајќи дека сакаат да создадат нова и успешна приказна, со поддршка од Управниот одбор.
„Започнати сме во период кој можеби е задоцнет, смената на правилото за странски играчи беше потешко да се создаде ростерот. Од самиот почеток на подготовките имаме промена на еден странски играчи. Ростерот останува ист, потпишани се странски играчи кои одговараат според нашата замисла, домашните играчи се претежно млади кошаркари освен капитенот. Од овој тим се очекува да даде една енергија, бидејќи и на тој начин се селектирани, без разлика на искуството кое го имаат или немаат. За мене е најважен е пристапот кој го имаат. И јас како управата имам исто очекувања, висок пласман, не значи дека секогаш може да се оствари тоа, моето искуство го покажува тоа.
Им се зблагодарувам на сите кои придонесоа за успехот за минатата година. Се надеваме дека сите што се врзани за спортот дека ќе не поддржат, ќе ја гледаат само спортската страна. Сето она што успеавме да направиме изминатиот период е ентузијастички“, изјави на прес-конференцијата Илиевски.
Новата сезона ја најави новата сезона потенцирајќи дека ќе одиграат максимално на секој натпревар, нема да се штедат иако имаат млада екипа.
„Ние сме нова екипа за разлика од ростерот од минатата сезона. Добро се вклопивме како карактери како играчи кои сакаат да победуваат. Имаме доста млади играчи кои сакаат да се докажуваат, но ветувам 110% борба на теренот“, изјави капитенот на Скопје Марјан Младеновиќ.










