Кошаркарски спектакл во СЦ „Јане Сандански“ во најава!

0

Новата сезона во Супер-лигата денеска и официјално стартува со реприза од Супер-Купот, кој се одигра пред една недела во Куманово. Овој пат во рамките на првото коло МЗТ Скопје ќе биде домаќин на Куманово, дуелот стартува во 19 часот. Победник од оваа средба беше актуелниот првак, кој славеше после драматична завршница.

На трибините во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде вистински сепктакл, покрај домашните фанови кои се најавени во поголем број, на трибините ќе има резервирано блокови за гостинските навивачи.

За разлика од натпреварот во Куманово, тренерот Марин Докузовски во својот состав го додаде и македонскиот репрезентативец, Адем Мекиќ, кој се очекува да биде дополнително и важно искуство за тимот.

Васко Атанасов, предводникот на МЗТ Скопје со неговите момци има големи обврски кон навивачите и клубот, бранат два пехари.

„Се уште ги немаме видено тимовите како изгледаат. Но на база на засилувањата, очекувам доста израмнето првенство во кое ќе има доста интересни натпревари. Нашата предност ја гледам во тоа што успеавме да го задржиме јадрото на тимот, секако и големиот број на натпревари кои МЗТ Скопје треба да ги одигра, што би го кренало нивото на нашиот тим.

За нас сезоната со одигрувањето на Суперкуп натпреварот веќе започна. Една победа која дополнително ни ја крена мотивацијата и фокусот за претстојната сезона, секако првото коло е за нас отварање на натпреварите на домашен терен, кој носи своја одговорност и тежина, која ја има МЗТ Скопје“.

Најуспешниот селектор во историјата на репрезентативната кошарка, Марин Докузовски ги сподели очекувањата пред мечот во Скопје, но и за целата сезона.

 „Очекувам силна и израмнета Супер лига. Повеќето екипи направија квалитетни ростери. Нашата предност ја гледам во тимската игра, дисциплината, карактерот и борбеноста. Победата на стартот е многу важна за самодовербата. Сакаме од првиот натпревар да покажеме енергија, карактер и дисциплина. Пораката до навивачите е јасна: ќе се бориме на секој натпревар и ќе дадеме максимум за нашиот клуб“, изјави Марин Докузовски. 

ПретходноАндонова: Моите родители се вистинските херои, а Македонија ми е во срцето иако не сум дел од репрезентацијата!