Капитенот на нашата репрезентација, Енис Барди пред почетокот на средбата му подари дрес од Македонија, на капитенот на Шкотска, Енди Робертсон.
Дрес со бр.100, и тоа поради јубилејот на некогашната голема ѕвезда на Ливерпул, кој вечерва по 100 пат го носи дресот на својата репрезентација. Пред него само е легендарниот Кени Далглиш со 102 настапи.
Па така Робертсон за спомен ќе има и дрес на Македонија со бр.100.










