Агонијата продолжува: Со Седлоски сме без гол 630 минути!!!

424
ФОТО:FFM.MK

Што да се каже? Што да се коментира по уште еден наш пораз и без примен гол? Агонијата продолжува. Неверојатни бројки кои велат дека со Гоце Седлоски како селектор на Македонија, сме без гол цели 630 минути. И кога сме без гол тогаш сме и без победа цели седум меча откако тој е предводник.

Инаку вкупно вечерашниот меч со Шкотска беше 11-ти без победа, и 697 минути без примен гол.

Па, има ли крај на оваа агонија? Агонија во која влеговме со Седлоски на чело на нашата репрезентација.

Ова се факти, ова се бројки. А кога во прашање е ова модерно време само тие се важни. Нема тука никаков процес, нема тука ова ЌЕ, па ЌЕ.

Тоа се само “ПРИКАЗНИ“ за мали деца.

А нашата АГОНИЈА продолжува… ДО КОГА БРЕ?!

ПретходноШкотска сила во Скопје, Македонија си ги брои поразите без даден гол! (ВИДЕО)
СледноЛига на Нации: Шпанија си ГАЗИ, Швајцарија со нова победа