Помина еден месец од големата трагедија која ја погоди македонскиот спорт. На 33 години во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби Антонио Савевски.
Неговото заминување е голема загуба за семејството, пријателите, колегите и целата македонска кошаркарска фамилија. Беше дел од тренерските тимови на Охрид, Вардар, потоа и Водно Санс и Ангели, а неговата посветеност кон младите кошаркари ќе остане запаметена во македонската кошаркарска заедница.
Денеска од три генерации (2009, 2010 и 2011) на Ангели испратија порака: Твојот дух и љубовта кон кошарката ќе останат со нас засекогаш. ВЕЧНО ВО НАШИТЕ СРЦА И МИСЛИ.










