УЕФА ги делегираше судиите за натпреварот меѓу Швајцарија и Македонија, кој во вторник ќе се одигра во рамките на Лигата на нации. Главен судија ќе биде Летонецот Едгарс Малцевс, на кого ќе му помагаат сонародниците Мартинш Свипстс и Денис Шевченко.
Четврти судија ќе биде Александарс Ануфријевс, исто така од Летонија.
Во ВАР-собата ќе биде Полјакот Томаш Квјатковски, додека негов асистент ќе биде Летонецот Андрејс Глуховс.
Натпреварот Швајцарија – Македонија е закажан за вторник, а македонската репрезентација бара начин како да ја прекине ужасната црна серија.










