Кошаркарите на Кожув обезбедија победа на гостувањето кај КК Скопје во првото коло од новата кошаркарска сезона во Суперлигата. Гевгеличани на гостувањето кај КК Скопје славеа со 95:101.
Скопје подобро го отвори натпреварот, но гевгеличани постепено го презедоа ритамот и стигнаа до пресврт. Во одлучувачките моменти, гостите го имаа расположениот Бојчев кој беше беспрекорен во завршницата и успеа да им донесе победа на „црвените“. Тој средбата ја заврши со 24 поени.
Колин и Џоунс со по 26 поени беа најефикасни кај КК Скопје.










