Македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи со уште една пеколна задача и тоа во период кога урива рекорди под водство на селекторот, Гоце Седлоски во однос на постигнати голови. Скорот на новиот предводник е НУЛА.
Лутајќи и подмладувајќи го составот за натпревари на кои навистина можевме да дојдеме до подобар резултат, како на пример против очајна Словенија, Седлоски за утрешната пресметка во списокот на патници го додаде Џани Алиоски, кој беше презентиран како повреден фудбалер.
Македонија вечерва ќе ја одржи официјалната прес-конференција и тренинг. Нашите фудбалери на утрешниот меч ќе имаат поддршка од најмалку 600-на фанови.










