Херера и Младеновски на трибини!

226

На неколку часа до почетокот на натпреварорт во Луцерн меѓу Швајцарција и Македонија, познат е списокот од 23 играчи кои се пријавени во УЕФА за вечерашниот меч на “Термоплан Арената“ од 20.45 часот.

На него ги нема Марио Младеновски и Себастијан Херера кои ќе бидат на трибини, очигледно е дека ќе го прескокнат овој меч. Го нема ни Јани Атанасов поради акумилирани жолти картони.

Затоа се враќаат Дин Аломеровиќ и Ѓоко Зајков кои на минатиот меч не беа во комбинација.

Инаку официјалниот стартен состав ќе биде објавен некаде околу 19.30 часот.

ПретходноТаџикистан на Мрме ја победи Кина за првпат во својата историја
СледноПродлабочената соработка со ФИБА Европа носи конкретни резултати