ВМФЛ – ЗАПАД:Кадино се “остри“ за Вардар, Воска и гостува на Беса а Силекс сака шест од шест!

387

 

Попладнево од 15 часот се играат сите мечеви од 6.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Секако дека најинтересно ќе биде во Кадино, каде истоимениот тим го дочекува Вардар. Се разбира дека никој до пред некој месец, а најмалку фановите на Вардар, не очекуваше дека во Кадино нашиот најтрофеен клуб ќе игра официјален дерби меч во Втората лига.

На потег е тимот на в.д.тренерот Никола Глигоров. Имено ако Вардар не победи, тогаш ќе биде лошо за сите во клубот.

Воска Спорт гостува во Гостивар каде ќе ги одмери силите против добриот тим на Беса. Охриѓани не кријат дека на овој меч ќе одат по трите бода.

Лидерот Силекс игра дома со Велешта, јасно е дека кратовци очекуваат шеста победа во шестиот меч.

Во другите два меча од ова коло се среќаваат Охрид –Кораби и Тетекс-Гостивар.

 

ДВОЈКИ ЗА 6.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

СИЛЕКС – ВЕЛЕШТА

БЕСА- ВОСКА СПОРТ

КАДИНО – ВАРДАР

ОХРИД – КОРАБИ

ТЕТЕКС – ГОСТИВАР

ТАБЕЛА

1.СИЛЕКС 15

2.КОРАБИ 10

3.ВОСКА СПОРТ 9

4.БЕСА 7

5.ТЕТЕКС 7

6.ВАРДАР 5

7.КАДИНО 5

8.ГОСТИВАР 5

9.ВЕЛЕШТА 4

10.ОХРИД 3

ПретходноАлегри: Ова е нашиот најдобар меч сезонава
СледноВМФЛ – ИСТОК: Лидерот Саса го дочекува Кит Го, Беласица на гости во Виница…