Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра четвртиот меч од овој репрезентативен прозорец, во рамките од Лигата на Нациите, Б дивизија, против селекцијата на Швајцарија на гостински терен.
На стадионот во Луцерн, Македонија за разлика од трите претходни мечеви на кои што патем загубивме, овојпат игра далеку поорганизирано, по сконцентрирано, и со еден збор подобро.
Сепак, и покрај тој факт, Македонија по сопствена грешка губи со 1:0. Муслиу очајно реагираше на повратата топка на Алиоски, и наместо да одстрани опасност тој не примети дека зад него е Ридер, кој што ја украде таа топка и заби зад грбот на Димитриевски.
Претходно имавме објективни 0:0, но не успеавме да ги сочуваме.
Ние реално и први се заканивме. На асистенција и одличен центаршут на Елиф Елмас, Андреј Стојчевски со глава се обиде осамен на петерецот, но шутираше сантиметри над гредата од голот на Швајцарија.
Домаќинот пак возврати со шанстаа на Ндоје, кој што влезе откосо во нашиот шеснаесетник, шутираше но Димитриевски рутински го затвори аголот и одбрани.
Конечно, Македонија во 35. минута Енис Барди од лево маестрално нафрлува на спротивната страна, а таму Димитар Митровски од „прва“ шутира преку голот.
Б Лига на Нации – група 1 (4.коло)
ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:0 (1:0)
„Термоплан Арена“ во Луцерн. Судија: Едгарс Малцевс (Летонија). Стрелци: Ридер 43. (ШВА).
ШВАЈЦАРИЈА: Мвого, Бриџи, Елведи, Аканџи, Родригез, Фројлер, Сиеро, Сов, Ридер, Ндоје, Амдуни.
Селектор: Мурат Јакин.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Стојчевски, Зајков, Муслиу, Алиоски, Елези, Барди, Елмас, Дориев, Митровски, Растодер.
Селектор: Гоце Седлоски.










