Алиоски: Лесно е да се критикува, треба да учиме!

196

Македонската фудбалска репрезентација ја продолжи серијата на порази, но и на мечеви без постигнат гол. На гостувањето во Швајцарија, нашиот најдобар национален тим го запиша четвртиот пораз во Лигата на Нации Б, и со тоа остана последна на табелата во нашата група, каде токму вечерашниот противник е лидер.

Во првиот дел многу добро се виде што значи искуството и квалитетот на Џани Алиоски. Во моменти кога наликувавме на тим, едноставно Џани беше тој “мотор“. По мечот, откако загубивме од Швајцарија, и тој беше нерасположен.

“„Што да се каже? Тешко ни е по поразот. Мислам дека покажавме дека имаме квалитет и може да играме фудбал. Лесно е да критикуваме. Селекторот ни даде шанса на сите и мора да учиме од овие порази и грешките. Две грешки, два гола е и повеќе од доволно Швајцарија да го реши победникот. Мора да веруваме во себе, бидејќи оваа генерација многу пати покажа дека може да се врати“, посочи искусниот лев бек.

ПретходноГоце Седлоски: Не се предавам, сум бил борец како играч таков сум и сега!
СледноАгон Елези: Како да не ни е судено да го дадеме тој гол!