Матијас Гидсел и вечерва во меч од 3.коло во Лигата на Шампионите и тоа како ја покажа сета своја класа. Ракометарот на Фуксе Берлин упати 19 удари кон голот на Порто, а од тие дури 17 влегоа воп мрежата. Навистина фантастична партија на данскиот репрезентативец и веројатно во моментов најдобар ракометар во светот.
Инаку Фуксе Берлин како домаќин го победи Порто со 40:32, во една вистинска голеада од двете страни.
На вториот меч од 18:45 часот, Загреб дома беше поразен од Алборг со 23:33. Одличен настап имаше Главаш кој запиша 10 голови од исто толку удари, но и тоа не беше доволно за подобар резултат за својот тим.










