Наковски Волеј без победа на Балканскиот куп, Олимпијакос триумфираше во Струмица

42
фото: ОК Наковски волеј (FB)

Наковски Волеј со пораз од 3:0 (25:12, 25:11, 25:15) од Олимпијакос го заврши настапот на Балканскиот клупски куп за жени 2026, чиј домаќин во изминатите три дена беше Струмица.

Македонскиот претставник не успеа да стигне до победа на турнирот, на кој силите ги одмери со квалитетни регионални екипи – Олимпијакос, ЦСКА Софија и Дрита од Гњилане.

Грчкиот тим го заврши натпреварувањето со максимални три победи и го потврди својот квалитет, додека ЦСКА Софија оствари два триумфа, а Дрита забележа една победа.

Иако Наковски Волеј остана без триумф, настапот на меѓународната сцена претставува значајно искуство за струмичките одбојкарки.

Претходно„Кралот“ во нов дрес: Леброн дебитираше за Филаделфија (ВИДЕО)
СледноМладиот Арабел Рустемовски обезбеди најмалку бронза на ЕП до 17 години