Младеновски е најдобро оценетиот стопер во хрватското првенство

42

Македонскиот фудбалски репрезентативец Марио Младеновски е најдобро оценетиот стопер во хрватското првенство по досегашниот дел од сезоната. Според анализата на „Спортске новости“, објавена во „Јутарњи лист“, дефанзивецот на Вараждин има просечна оценка 6,56 по осумте одиграни кола.

Младеновски е на врвот на рангирањето меѓу стоперите, пред Ники Галешиќ од Динамо Загреб и Анел Хусиќ од Риека, кои имаат просечна оценка од 6,40.

Добриот настап на македонскиот фудбалер му донесе место и во идеалниот тим на досегашниот дел од хрватското првенство, составен според оценките на новинарите на „Спортске новости“.

ПретходноСтоле на трибини, Валенсија со четврта победа во Евролигата (ВИДЕО)
СледноОва се најплатените тренери во светот: Артета со новиот договор се проби на трето место!