На Чаир в недела од 13:00 часот во рамките од деветтото коло од ПМФЛ шампионатот, се среќаваат екипите на Шкендија Арачиново и Шкендија Тетово, а на овој меч сепак, ќе присуствуваат и гостински навивачи.
На овој прв историски прволигашки дуел помеѓу двете Шкендии, по дозвола на домаќинот од Арачиново, ќе присуствуваат и „Балистите“, навивачите на гостинската Шкендија Тетово.
Откако првично организаторот на мечот не дозволи такво нешто, денеска, самите „Балисти“ потврдија дека одлуката е променета, и дека тие сепак, простигнуваат во Скопје.
Секако, ова ќе биде централниот настан на ова ПМФЛ коло, кое што се игра по долгата репрезентативна пауза.















