И Миовски со порака: „Мораме и можеме повеќе! За овој дрес, за Македонија!“

60

Македонската фудбалска репрезентација има четири порази во исто толку одиграни натпревари во Лигата на Нации. На никому не му е лесно после една ваква серија на порази, но и долга серија без постигнати голови.

Неколку дена после дуелот со Швајцарија на гостински терен, прво се огласи капитенот Енис Барди, а денеска на социјалните мрежи испрати кратка, но силна порака и Бојан Миовски. Тој, како и сите останати момци е свесен дека мораат и можат повеќе, особено кога станува збор за националниот дрес.

 „Мораме и можеме повеќе! За овој дрес, за Македонија!“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojan Miovski (@miovskibojan)

ПретходноКристијано Роналдо јуниор заврши со Португалија!?
СледноТурција му врачи отказ на Монтела после четирите порази во низа!