Вечерва во Струмица, во последниот меч од 2.коло во кошаркарската елитна лига на Македонија, домашните кошаркари на Струмица славеа против Пелистер со 84:69, и со тоа дојдоа до својата прва сезонска победа. Ова за битолчани беше првиот пораз.
Почетокот на оваа средба не покажуваше вакво сценарио за битолчани, посебно ако се знае дека Пелистер ја доби првата четвртина со 17:21.
Но, и тоа како работите се сменија во вториот период кој струмичани го добија со неверојатни 26:9. Ова беше решавачко за тоа кој ќе победи, без разлика што имаше да се игра уште едно цело “второ полувреме“.
Во продолжение од средбата Пелистер успеа да се закани, на нешто помалку од две минути беше во “игра“ и за пресврт, но домашните умешно го одработија тој период, а на крај овој меч и го добија убедливо.
Секако сосема заслужено.
Кај победничкиот состав Крафорд и Малик запишаа во 21 поени, Пандев имаше 19 поени. Кај битолчани Димитриев со 18 поени беше најзабележителен поединец.










