Еурофарм Пелистер пред нова тешка задача за прв триумф во Европската лига

36
Фото: Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер денеска го игра третиот натпревар од групната фаза во Европската лига. Македонскиот тим зад себе го има ремито на гостувањето кај Гдањск и поразот од Ла Риоха на домашен терен.

Новиот предизвик за тренерот Лино Червар и неговите избраници е Гумерсбах, тим кој има една победа и еден пораз во ова натпреварување.

Македонскиот претставник мора да освои најмалку еден бод за да остане во игра за пласман во следната фаза. Пораз би ги отежнал плановите за остварување на целите во оваа сезона во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Тренерот Гудјон Валур Сигурдсон во својот состав го има поранешниот вардарец Алекс Душебаев, потоа суперталентираниот Никола Рогановиќ, како и црногорскиот ветеран Милош Вујовиќ.

Ваквиот состав на противникот значи дека битолчани ќе мора да одиграат 60 минути врвен ракомет доколку сакаат да се радуваат на првата победа оваа сезона.

Натпреварот е закажан за 18:45 часот.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Д.Н. од Скопје освои СУПЕР МИЛИОНЕР вреден 6.367.443 денари
СледноКошаркарот на ТФТ повторно е МВП на колото!