За првпат од 2013 година Обрадовиќ во Белград доаѓа како противник

102
Фото: Драгана Стјепановиќ

Како и обично, кога станува збор за Евролигата, секогаш како по дифолт, со зборот спектакл се најавува секој домашен меч на екипите на Партизан и на Црвена Звезда.

Едноставно, атмосферата која што се создава во Белград за време на кошаркарските мечеви од најдобрата конкуренција на Стариот континент, е неспоредлива со било кое друго место. Можеби, со Грција евентуално Турција, но сепак, некако навивачите од Србија се посебни.

Па така, Европа и светот уште еднаш ќе имаат прилика да се уверат во оваа констатација вечерва во 20:30 часот кога во Арената во Белград ќе пристигне екипата на Панатинаикос, како гостин на тимот на Партизан.

Овие два великани во моментов ти спојува една многу сериозна „фаца“. А тоа е тренерот на Панатинаикос, Жељко Обрадовиќ кој што секако е легенда на Партизан, и доскорашен негов тренер.

За првпат по 2013 година, Жељко Обрадовиќ доаѓа во „црно-белиот“ дел на Белград како противник на натпревар од Евролигата.

Иако е извесно дека ќе биде пречекан со овации и дека „Арената“ ќе ја исполни вистинска бура од емоции, сепак останува фактот дека на играчите на Партизан и на тренерот Жоан Пењароја им е потребна уште посилна поддршка.

Нема потреба да се нагласува колку многу Жељко му дал на Партизан или што тој им значи на навивачите, но домашниот тим и нивниот актуелен тренер мора да бидат во преден план. И самиот Жељко го знае тоа.

 

ПретходноКуманово посилно за Стефан Фундиќ
СледноПроектот „Градски стадион во Тетово“ веќе е во напредна фаза